Толку сме напнати и уморни во текот на денот што навечер не ни е до секс. Излез меѓутоа има и тоа е утринскиот секс.
Сите знаат дека мажите често сакаат секс во раните утрински часови. Тој се буди, а со свеста се биди и неговиот сексуален апетит.
Додека пак жената е програмирана поинаку. Мислата дека веднаш после спиење не изгледа како што треба ја убива и последната искра страст. Сака да се истушира, да пие кафе и дури после тоа…но обично не останува време после тоа.
Затоа треба да го засакате утринскиот секс. Не откажувајте утринско задоволување и ќе разберете дека раниот секс има многу полезни ефекти, ве исполнува со енергија и е извор за одлично расположение во текот на целиот ден. Изненадете го партнерот и бидете вие иницијатор за утрински секс.