Немате претстава колку многу луѓе понекогаш се чувствуваат безкорисни. Колку луѓе сметаат дека не значат ништо за никого, дека се неспособни, осамени, осудени на жално постоење…
А верата во себе е најмоќниот мотор што го движи животот. Дури и среќните „случајности“ се случуваат само на оние што веруваат во себе. И затоа ако сакаме да успееме, да се чувствуваме исполнети, прво треба да почнеме од себе.
Сите сме човечки суштества и всушност не сме толку различни едни од други. Дишеме еден исти воздух, чекориме по една иста земја, чувствуваме глад и жед. Сите тргнуваме од еден ист почеток. И од овде па понатака – се зависи од нас.
Каде е проблемот тогаш? Проблемот е во нашето сопствено мислење за себе и нашата самодоверба. Всушност ако погледнеме пофилософски на работите ќе сватиме дека само со вера во себе можеме да постигнеме се. Вистина е! Едноставно треба да престанеме да бараме причини и извинувања за својот неуспех. Нема не можам!
Прво треба да научиме да се сакаме себе си, пред да очекуваме другите да не сакаат. Да гледаме на неуспехот како на лекција. Не како на доказ дека сме неспособни.
Живејте си го животот позитивно. Однесувајте се со другите онака како што сакате тие да се однесуваат со вас. Имајте самодоверба.
И пред се мора да разбереме дека: Никој не ни е должен за ништо! Се е во нашите раце. Нема неблагодарни луѓе, има само преголеми очекувања од наша страна. Нема среќници, има позитивно мислење и вера. Прв, втор, трет неуспех, голема работа! Четвртиот пат ќе успее. Само да не се откажуваме и да веруваме во себе.