← НАЗАД НА БОЗА

Вистинскиот маж се познава по насмевката на жената до него!

Вистинскиот маж се познава по насмевката на жената до него!
819 Читања

Многу се зборува за тоа што всушност представува вистински маж. За едни тој е грубиот мачо, за други – воспитан џентлмен, за трети – ладниот шизик кој не се дава лесно. За мене сепак вистинскиот маж нема универзален профил. Тој се познава само по едно нешто – насмевката на жената до него.

Ми се случувало да среќавам и млади и постари парови на улица. Нежната половина едноставно сјае. Ете по тоа сваќам дека овие жени имаат човек во вистинска смисла на зборот.

Инаку сум се нагледала и најсташни варјации – мажи кои сметаат дека е супер демонстрација на жената да и залепиш шамар во ресторанот. Или пак оние кои ронат солзи на јавни места, надевајќи се дека преку жал ќе го постигнат своето. Како и оние на кои не им е проблем да ја остават љубената да пешачи во темницта, бидејќи е лута и не сака да се качи во автомобилот.

И сите тие имаат оправдувања! Ќе ви кажам само едно – тоа да си вистински маж не се гледа по фактот дека не се плашиш да влезеш во бој зарди пријател. Ниту од тоа да заработуваш многу пари и да си самостоен. Зато што драги момци, вистинскиот критериум е насмевката на жената до вас. Без разлика дали е за еден ден или е љубовта на вашиот живот.

Да и ја отвориш вратата на автомобилот, да ја ислушаш и прегрнеш, да и ги бакнеш нејзините солзи, да го голтнеш своето его заради неа – тоа не е слабост! Тоа е сила. Огромна сила, која само апсолутниот маж ја поседува.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk