After Midnight

“Во љубовта и војната се е дозволено”

Велат: “Во љубовта и војната се е дозволено”.

Но дали навистина е така? Или поточно дали навистина е редно да биде така?

Божем тврдиме дека никогаш не би направиле нешто што би отишло на штета на некој друг, за да не го привлечеме истото кон себе.

Но кога станува збор за нашите желби и чувства како да не размислуваме многу. Одеднаш се претвораме во егоисти и способни сме да поместиме секого кој ќе се испрeчи на нашиот пат. За некого да посакуваш туѓо е наглост, за други-најдлабок сон, за трети… најголема болка.

Дали е возможно да постои такава љубов,толку силна и великодушна за да уништи друга и тоа да не биде лошо. Да, секој би рекол дека тоа е невозможно. И секој би те подсетил на една од Божјите заповеди: Не ја посакувај жената/мажот на ближниот/ближната.

Но, зарем е толку погрешно да се бориш за она што цел живот си го барал,било и да е во нечии туѓи раце?

Велат и друго, дека вљубените се двете половини на една душа. Но само затоа што не си ја сретнал својата половина порано треба ли да ја поминеш кога ќе ја разпознаеш во спротивните очи? Полесно е да поминеш надевајќи се дека ќе ти се случи повторно. Во 95% од случаите тоа не се добива. Како можеш да продолжиш да живееш опседнат со една мисла, од една идеја, од едно чувство. Од едно прашање, со една надеж и две солзи.

Како можеш да прифатиш дека си помалку значаен дека заслужуваш да си помалку среќен… И иако знаеш дека ако се однесуваш со благородство кон останатите, тоа ќе те направи подобар, па наскоро ќе бидеш подготвен да ја започнеш битката за себе.

Јас сакам да бидам подобар човек и да се однесувам со добрина кон светот, но јас исто така сакам да се запазам себе. Љубовта е најголемата сила. Таа нема потреба од прашања, сомнежи, суета и предрасуди. Таа е магија. Таа едноставно се случува и таа е онаа која те прави подобар. Зар ако сакаш некој кој не е твој, тоа те прави лош? Зар некој може да каже дека љубовта е погрешна? Нема погрешна љубов. Љубовта е секогаш точна кога доаѓа од срцето.

И да, секогаш ќе има некој повреден… Но таков е животот, такви се неговите правила-“изеди или биди изеден”.

И се чини дека повеќе ми се допаѓа мислата: “Водете љубов, а не војна”.

Секаква љубов… постигната дури и по цена на мала војна.

Напиши коментар