← НАЗАД НА БОЗА

Врзете се!

Врзете се!
1100 Читања

Идејата да го врзете партнерот или да се најдете во ситуација да ве врзе кај многу од вас предизвикува непријатно чувство. Но ропството може да биде исклучително возбудлива сексуална практика која вклучува целосна посветеност на партнерот и активно учество во играта на доминација.

Дали сте знаеле дека покрај тоа што ја зголемувате секуалната возбуда, создавате и чувство на доверба. Ваквата сексуална агресија може да доведе до грандиозен оргазам и да ја поттикне имагинацијата до неверојатни граници.

Овој облик на сексуален однос датира уште од варварските времиња кога мажот на првата брачна ноќ ја врзувал жената за кревет и уживал во неа колку ќе посака. На оваа тема се напишани бројни книги, а жените и мажите честопати и денес сонуваат за целосна подреденост која може да го овозможи ропството.

sado zadnja

Ако имате кревет со рабови на горните и долните страни, поседувате совршен додаток за игра со врзување. За време на ропството треба да внимавате да не ги стегнете јазлите премногу, за да не предизвикате модринки, но, исто така, немојте да ги врзете премногу лабаво, за во клучните моменти партнерот да не се ослободи. Оставете ја вашата имагинација и не заборавајте на возбудата со јазикот и останатите секуални играчки.

Како уште една причина за избор на овие сексуални игри кои ќе ве доведат до вистински огномет во кревет може да ви служат и научните докази.

sado tekst 2

Всушност, садо-мазохистичките ентузијасти се поздрави и помалку невротични од љубителите на класичниот секс, велат психолозите. Па затоа оние поединци кои доминираат во сексот се одликуваат со психичка стабилност, додека послушноста не им е силна страна.

Експертите ги објаснуваат резултатите од истражувањето со фактот дека партнерите кои уживаат во овој тип на секс се екстровертни, отворени за нови искуства, сигурни во врските и полесно толерираат отфрлање.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk