After Midnight

За ваков маж, вреди да се бориш!

Има еден посебен тип на мажи кои секогаш се истакнуваат пред другите. Не, не се вонземно убави, ниту метеросексуалци, ниту бодибилдери, ниту мачо-мажи… Овие мажии се одликуваат со еве какви квалитети:

Вистинскиот маж е силен!

Не плаче, не офка, не се жали колку тежок му бил работниот ден. Не се оправдува со ништо… Вистинскиот маж донесува одлуки и живее со последиците од нив, без разлика колку загубил.

Зборот на вистинскиот маж тежи на своето место!

Вети ли нешто, ќе го заврти светот, за да го направи. Никогаш не се извинува, крие или оправдува. И најважно, никогаш не вели: “Ќе видиме.”, “Има време”, или “Ќе разговараме за тоа”.

Вистинскиот маж не се потпира на среќа!

Не верува во судбината, бидејќи сам ја одредува. Не прифаќа милостина и не проси помош. Вистинскиот маж никогаш, никогаш не би искористил жена заради пари.

Вистинскиот маж знае како да ја затвори устата на секоја жена без да ја навреди!

Тој може и најгорделивата дама да ја засрами, но никогаш не користи  навредливи зборови. Може да ја скроти и најразгневената, без тоа да влијае на неговото здравје. Вистинскиот маж одлично ја разликува жената со стил на куклата Барби и никогаш не ја избира.

Вистинскиот маж би умрел за семејството!

Тој не ги удира децата, ниту неговата сопруга. Никогаш не ја споредува со мајка си. Застанува цврсто зад своето семејство, колку и да го чини тоа.

2 коментари

Write A Comment