After Midnight

Заблуди за среќната љубов

Бајките или митовите за среќната љубов се вградени во нашата колективна свест. На некое ниво сите ние сеуште веруваме во бајковитите верзии за љубовта. Сепак овие митови, всушност можат да ви помогнат да ја пронајдете љубовта за цел живот. Зошто? Бидејќи да живеењето во заблуда не може да ви донесе исконска љубов и трајна среќа, само правата вистина може да ви помогне во тоа.

Мит 1: Слепо веруваме дека само нашиот партнер е извор на чиста и вечна љубов

Верувањето дека само друга личност може да биде извор на љубов е толку големо, што вообичаено не се доведува во прашање. Ние бараме љубов и наоѓаме љубов во другите. Сепак, тоа е само мит. Вистината е дека непресушен извор на љубов постои внатре во нас самите. Секој од нас ја има сета љубов која му е потребна. Тоа е најголемата вистина. Кога ќе го пронајдеме изворот на љубов во себе, можеме бескрајно да го делиме со другите. Сепак, ние очајнички ја бараме љубовта некаде на друго место.

Мит 2 : Кога ќе се заљубиме мислиме дека тоа ќе трае засекогаш. Секако дека ни се чини дека така ќе биде! Но, скоро за се почетниот сјај на заљубувањето со текот на времето избледува или исчезнува или се продлабочува во вид на зрела љубов. Често, кога ова искуство ќе заврши, ние веруваме дека љубовта исчезнала, или дека сме со погрешна личност. Вистината е дека искуството на заљубување е привремена состојба која само ни ја отвора можноста да ја видиме суштината која и двајцата ја имаме во себе, односно правата љубов. Доколку ја свативте оваа вистина, тогаш можете да имате пристап на љубовта која никогаш нема да избледи.

Мит 3 : Романтичната љубов ќе ги исполни сите незадоволени потреби и ќе ни овозможи бескрајана среќа

Денеска луѓето очекуваат премногу од интимните односи. Им придаваат големо значење и имаат големи очекувања од оваа врста на односи. Вистината е дека, сепак можеме да бидеме задоволни со нашиот партнер, никој освен ние самите не е извор на среќа за нас. Доколку не сте во контакт со изворот на радост внатре во себе, нема да го пронајдете ни надвор од себе. Без оглед на тоа колку е прекрасен вашиот партнер и понатаму ќе постои чувството дека нешто ви недостига, бидејќи не сте поврзани со внатрешниот извор на среќа.

 

Прво што треба да се запрашаме е, дали го сакаме она што е стварно и вистинско или сакаме фантазија? Кога конечно ќе прифатиме дека овие митови не се конечна вистина, тука е крај на бајката и почеток на вистинската среќа. Кога ќе ја откриете правата љубов која е во вас самите, не постои лимит клку убави и складни можат да бидат сите ваши односи.

Напиши коментар