Free zone

Жена се задоволува со многу страст

Драги господа! Ако сакате да останете во срцето и умот на една жена како неверојатни љубовници, заборавете на лекциите што сте ги научиле од порното и внесете страст, емоции и чувства во играта. Посветете се на жената во вашите раце, опсипете ја со внимание и таа нема да ве заборави…

Ако ова го правите само како рекреација и освојување трофеи, само продолжете така. Меѓутоа момци, избришете си ја самоуверената физиономија од лицето, зошто од вас добри љубовници не бидува!

Жена се задоволува со многу повеќе! Дајте и страст, емоции, внимание, љубов…Тоа е тајната – докажано е! Во ново истражување 90% од дамите признале дека во сексот е најважно да се чувствуваат емотивно поврзани со партнерот. Како на духовно, така и на физичко ниво.

Тоа е момци – покажете и на жената до себе дека сте целосно опседнати од неа и она што се случува помеѓу вас во моментот. Не пропуштајте го контактот со очите – тој е многу важен. Бакнувајте ја многу – по лицето, рамената, вратот…

И не заборавајте да и шепотите на уво. Кажете и и покажете и колку многу ви се допаѓа и таа ќе го оцени тоа…

Напиши коментар