На жените, среќните и насмеани мажи им се помалку привлечни од оние кои оставаат впечаток на горди, моќни, па дури и арогантни личности.
Од друга страна пак, мажите ги привлекуваат жените кои оставаат впечаток на среќни и задоволни со својот живот, а најмалку им се допаѓаат девојки кои “пукаат” од самодоверба.
Научниците од еден Универзитет спровеле истражување во текот на кое се занимавале со прашања за сексуалноста на луѓето. Меѓу останатото се обиделе да утврдат зошто жените не можат да им одолеат на “лошите” момчиња.
Резултатите од истражувањето покажале дека жените “паѓаат” на ароганција, а мажите на насмевка.
На жените им се привлечни гордите мажи кој имаат по малку арогантен израр на лицето, бидејќи тоа испраќа порака на добар статус во општеството, и ги прикажува како доминантни во групата, потенцијално добри партнери и добри татковци. Мажите кои се насмеани оставаат впечаток на аутсајдери, како да признаваат дека не се доминантни, а тоа жените не го сакаат.
Мажите реагираат на потполно друг начин, па најмногу ги привлекуваат жените со широка насмевка на лицето.