Ние жените некако обожаваме да си насадиме излишни комплекси на тема изглед и така да се зезнеме пред мажите во сите параметри. Вистината, девојки, е дека за повеќето нешта за кои вие се грижите, на господата воопшто не им е гајле. Особено ако дошле до кревет со вас.
Најважни се еве овие работи! Запомнете ги добро и престанете да се малтретирате за глупости, кога сте со некој шизик. Едноставно уживајте во доживувањето…
Вишокот килограми
Тоа воопшто не треба да ви пречи. Штом е со вас, значи му се допаѓа она што го гледа. Најважно е да бидете посамоуверени, опуштени и сензуални. А ако мислите за стомачето, на пример, тоа нема да се случи.
Големината на градите
Не дека господата не би се загледале во мачка со убави и големи гради. Но тоа не е толку определувачко, особено за задоволство во кревет. Да не зборуваме дека постојат мажи кои преферираат скромна градна обиколка.
Косата, шминката
Во креветот на мажот не му е гајле дали косата ви е наместена или карминот избришан. Дури напротив – тоа понекогаш може да делува многу возбудувачки.
