Статистиката покажува дека на еден просечен маж му се потребни околу 2 минути и 20 секунди за да стигне до оргазам. За жал, кај нас, жените, работите воопшто не се толку лесни! Нам ни требаат бакнежи, внимание, љубов, нежност, страст, соодветно расположение, можеби и осветлување, општо… каприциозна работа е женскиот оргазам!
Всушност недостатокот на оргазам мoже сериозно да му наштети на здравјето на дамите. Според лекарите, потомците на Ева, кои не достигнуваат често до оргазам или воопшто не го достигнуваат може да западнат во различни депресивни состојби, постојана возбуда па дури и лудило.
Покрај тоа, кога жената ќе се возбуди, нејзиното тело почнува да произведува поголемо количество естроген, кој доаѓа во крвта и се насочува кон репродуктивните органи. Сексот без оргазам води до застој на крвта и акумулација на супстанции кои се предуслов за различни воспаленија.
Па девојки, престанете да се залажувате дека оргазмот не е најважен во сексот. Нормално, не ви велиме дека задолжително секој пат треба да го дофатите крајот, но ако воопшто не можете, тогаш не се двоумете да се консултирате со специјалист… или да го промените партнерот.
