Ќе кажеш дека никој не сака грозна жена нели? Да, но читај надолу и ќе разбереш зошто вреди да имаш не особено привлечна девојка!
Твојот надворешен изглед – не е веќе толку важен. Таа не може да ти префрла ако си накачил некое килце, можеш да не се бричиш по неколку дена и да шеташ со згужвани кошули…
Љубомората – …не е порок, ама штом жената до тебе не е манекенка, работите се доста посмирени. Ок де, со тоа не е манекенка мислев грозничка си е. Нема да ја загледуваат многу, што води до голема веројатност навистина да не те изневерува.
Ти си прекрасен човек – …или барем така ќе си мислат луѓето што ќе ве гледаат заедно. Ако убава жена излегува со грозен маж таа е спонзоруша, но ако симпатичен маж е со грозна жена луѓето веднаш решаваат дека типот е искрен човек за кого другите вредности се поважни од физичкиот изглед.
Сексот – …многу веројатно во почетокот нема да е идеален зошто таа немала каде и со кого да вежба. Но штом добие малку самодоверба, се ќе е ок, зошто таа навистина доста ќе се потруди!
Ти си голем – …и таа навистина ќе се однесува со тебе како со таков! Кога излегуваш со убава жена постојано се чудиш дали ја заслужуваш, дали нема да те остави, зошто ќе види поубав од тебе. Кога излегуваш со погрозна е обратно – таа ќе те обожува имено и само тебе!
Умна, забавна, начитана – …и уште многу други нешта, таква е таа! Бидејќи убавите луѓе со изгледот автоматски привлекуваат внимание, и имаа теории според кои се вели дека грозните треба да развијат и многу други квалитети за да привлечат нечие внимание.
Сето ова звучи малку грубо, ама е вистина! И не, не сметаме дека ние сме убави, напротив! И се надеваме некоја манекенка од истите овие причини да се смили над нас!