After Midnight

Зошто изневеруваат мажите?

Постои ли жена што не го барала одговорот на ова прашање? Нека ве запознаеме со дел од творештвото на Стив Харви – автор на бестселери односно врските помеѓу мажите и жените.

Видете зошто изневеруваат мажите од нивна гледна точка!

За повеќето жени неверството е нешто што не може да се прости. Верувате дека ако сте изјавиле на човекот до вас дека го сакате, тој би требало барем да ве испочитува со својата верност. Вие сте во состојба да му простите речиси се, но ако ве изневери тоа ќе доведе до вистинска катаклизма. Жените не поднесуваат неверство. А мажите? Мажите го знаат многу добро тоа но сепак изневеруваат. Зошто? Еве зошто…

Мажите гледаат на сексот поинаку од жените. За повеќето представнички на понежниот пол сексот е емоционален, акт на љубов и посветеност. Но мажите не секогаш бараат смисла и емоција во сексот. За мажот е многу полесно откако имал секс со друга, да се прибере дома и да се однесува како ништо да не се случило. За мажите сексот е само физички акт и љубовта нема ништо заедничко со тоа.

И кога жената ќе насети дека е изневерена и скандалот почне, мажот почнува да лаже и да ја негира вината. Ова е така во случај кога мажот не сака да остане без партнерката и дека ја сака, но како да и каже дека тоа било само секс без емоции?

Друга варијанта – ако мажот не го добива тоа што го очекувал од врската, веројатноста да изневери е голема, и да го најде потребното на друго место. И знаете ли поради која причина? Тој знае дека секогаш ќе најде и друга опција, зошто…Секогаш има жени спремни да спијат со зафатен маж.

Оваа вистина жените не сакаат да си ја признаат. Замислите си што ќе се случеше ако сите жени одбиваа да спијат со зафатен маж? Знаете ли колку врски и бракови ќе беа спасени од пропаст? Мажите имаат прилики да изневеруваат зошто има многу жени спремни да имаат секс со туѓ маж.

Напиши коментар