After Midnight

Зошто љубовта умира?

Љубовта се раѓа, се негува, но на жалост многу често исчезнува. Како и зошто доаѓа до тоа? Еве го долго очекуваниот одговор.

Некогаш е тешко да се објасни зошто по толкава заљубеност, силна љубов, приврзаност и поврзаност луѓето едноставно се разделуваат. Што е она што доведува до крај на една приказна која долго време била идилична, совршена, баш како бајка? Меѓутоа ништо не се случува без причина, па така ни љубовта не пропаѓа без причина. А заради што најчесто доаѓа до тоа? Еве го одговорот.

Престанок на комуникација

Добрата комуникација е темел на добра врска. Кога партнерите ќе излезат од колосек на искреноста и квалитетни разговори, доаѓаат проблеми, конфликти и најчесто разделба.

Земање на партнерот здраво за готово

Партнерот никогаш не треба да стане попатна работа за која знаете дека постои и дека е секогаш тука. Со партнерот морате да се занимавате, да ги негувате односите со него, секогаш да му покажувате почит и да му дадете на знаење колку го сакате. Доколку престанете тоа да го правите, големи се шансите заедно да завршите во провалија.

Вашите очекувања не се остварени

Почетокот на врската е секогаш како бајка. Се запознавате, се е прекрасно, се откривате еден со друг, и се што ви е на памет е уживање. Но со време, работите стануваат опуштени, маските паѓаат, сваќате со кого навистина имате работа и дека мислењето за некои важни работи не ви се совпаѓа. Тогаш се паѓа во вода.

Сте откриле нешто ново за партнерот

Не ретко се случува партнерот да ве изненади на најнепријатен можен начин. Лага, неверство, било што, што може да ја изневери вашата доверба.

Љубомората го превзема главниот збор

Љубомората е нормален дел од врската. Меѓутоа, патолошката љубомора не се открива веднаш на почетокот на врската. За такаво нешто се потребни месеци. А кога ќе сватите дека имате работа со некој кој на тој начин сака да ве контролира, се што сакате е да побегнете, сега и веднаш.

Врската не е изградена на цврсти темели

Многу е важно да ги поставите работите како што треба, уште на почетокот. Од моментот кога ќе се запознаете и ќе започнете врска со некого, морате да внимавате тоа да биде навистина искрено и засновано на добри темели.

Партнерите едноставно не се компатибилни

Почетокот е секогаш сладок, прекрасен, шарен и интересен. Но со текот на времето се случува луѓето сепак да сватат дека сето тоа било само ентузијазам и дека всушност не се еден за друг. Тогаш продолжувате понатаму, но сами.

Досада

Партнерите најчесто најмногу се трудат на почетокот, но трудот никогаш не смее да престане. Во моментот кога премногу ќе се опуштите и повеќе не сте спреми ништо да направите самоиницијативно за партнерот, произлегува досада, монотонија и љубовта престанува.

Никогаш не се работело за љубов

Многу често се случува луѓето да ги измешаат работите. Страста, возбудата која носи се што е ново имаат свој рок на употреба. И доколку после тоа сватите дека врската со дадената личност не е она што ве исполнува, тука секоја приказна завршува.

Напиши коментар