Многу често, на жените не им е доволно тоа што се убави и добри за да можат да задржат еден маж до себе, а причините за такво нешто се неколку.
Мажите многу често ја прекинуваат врската и кога знаат дека девојкта до нив ги има сите афинитети на совршена жена. Убавината и добрината понекогаш не се доволни да го задржат фраерот покрај неговата нежна половина и некои други работи го влечат да направи фундаментални промени и да тргне по некој сосема друг пат. Причините се неколку, а ова се трите најчести.
Се плашат дека нешто пропуштаат
Совршената девојка е одлична работа, но исто така може и бргу да здосади. На мажите секогаш им треба некој предизвик, па дури и ако се многу задоволни од сопствената девојка, често тргнуваат во погрешна насока.
Сакаат да ги импресионираат пријателите
Колку и да звучи незрело, токму оваа причина остава многу жени со слкршено срце. Мажот може да биде сосема задоволен во врската, но доколку пријателите постојано му сугерираат дека треба да гледа и наоколу и дека сеуште не му е време да се скраси, не е исклучено да ги послушаат, дури и ако со тоа одат против себе.
Бидејќи жените премногу ги гњават
Ова не се однесува само на жените кои постојано се жалат за некои ситни работи, туку и на фактот дека од мажот секогаш го очекуваат најдобро.
Очекуваат дека ќе стане подобра личност, дека покрај нив ќе се промени, дека ќе се откаже од дел од себе за тие да бидат среќни… Меѓутоа, на поголемиот број мажи тоа им паѓа ужасно напорно.
