After Midnight

Зошто мажите сакаат некои жени само за љубовници?

Сте се запрашале ли зошто мажите толку многу ве сакаат, но кога станува збор за сериозна врска или дури брак, тие избираат друга? Многу често таа друга е супер обична, дури безначајна, но има нешто со што го поттикнала мажот да ја избере токму неа за жената на неговиот живот…

Всушност, има барем три нешта! Според психолозите, мажите бараат одредени квалитети кај дамата со која треба да го поминат својот живот. И тие немаат ништо заедничко ниту со изгледот, ниту со страста, хемијата и извонредниот секс. Со жените кои можат да им ги понудат овие работи тие можат да поминат години, дури и можат да останат нивната љубов засекогаш… Но од жената, која е мајка на нивните деца, тие бараат друго. Еве што е тоа најчесто.

Лојалност

Според најголем дел од мажите кои учествувале во најновата анкета, токму тоа е најважниот квалитет што го ценат кај една жена. Имено, таа да биде до нив, да им биде потпора во убави и тешки моменти. Знаеме какви можат да бидат мажите, нели? Но ако жената до нив успее да го задржи добриот однос кон нив и покрај нивните недостатоци, тоа може да ги спечали.

Загриженост

Мажот бара емоционална поддршка од жената. Колку и да не го признава тоа! Важно е тој да чувствува дека таа се грижи за него, да види дека таа е внимателна кон него… Се разбира, никогаш не треба да се претерува со тоа! Бидејќи, дами, не е идејата да станеме мајќи на своите мажи.

Позитивен став и чувство за хумор

Господата исто така, сакаат некој да ги насмее и да ги забавува. Особено жената до нив. Ако таа му помага да се ослободи од негативните емоции, тогаш тој дефинитивно ќе сака да го помине животот со неа. Тие претпочитаат позитивни и насмеани девојки.

Напиши коментар