Ако ги прашате мажите, жените кои не достигнуваат оргазам, се просто фригидни. Тоа се чисти глупости, нема такво нешто. Фригидност е сериозно заболување, кое што се среќава екстремно ретко. Вистината е, дека вината е само во партнерот, неспособен да и посвети доволно внимание на предиграта.
Понекогаш таквите мажи воопшто не чувствуваат, а понекогаш умеат да бидат апсолутни егоисти во кревет. Но уште поважно е дека повеќето дами сакаат да симулираат оргазам, наместо да кажат директно дека нешто не е како што треба. Сега ќе ви кажеме зошто не треба да лажете?
Доколку вашиот човек сака да ви удоволи, тогаш е спремен да направи се за вас во креветот. Затоа исклучително важно е да знае како се чувствувате. Тој не може да ви ги чита мислите. И сурово е да го лажете. А искреноста секогаш ги сплотува партнерите. Дури и на почетокот да ви биде непријатно, многу брзо ќе го решите сексуалниот проблем, што во случајов е многу поважно. Бидејќи убавиот секс е основа и на убавата врска! А за придобивките на оргазмот и да не зборуваме.
Ако пак сте налетале на егоист, кој се интересира само за себе, постапувате уште полошо ако стимулирате оргазам. Тoгаш ќе му оставите впечаток дека е очигледно апсолутен бог во кревет, откако вие завршувате без тој да вложи грам напор. Ќе ја подигнете самодовербата на типот кој тоа воопшто не го заслужува.
Почитувај се себе, ако сакаш и другите да те почитуваат. Никој нема да ти каже фала, бидејќи си тактична за сметка на твоето сексуално задоволство.
