After Midnight

Зошто секогаш убавите жени се или несреќни или сами?

Зошто речиси секогаш се случува убавите жени да бидат или нереќни во љубовта или сами?

Повеќето мажи ги посакуваат, ги пијат со очи и фантазираат за нив, но работата оди само до таму, бидејќи во принцип мажите се плашат дека ќе бидат одбиени од убавата жена.

Други пак ја прикриваат својата несигурност со арогантно и дрско однесување.

Зошто мажите кои ја допреа мојата душа не успеаа да го разбудат и моето тело, а оние кои го допреа телото, не успееа да стигнат до мојата душа?

Нанесувам маскара по трет пат и се погледнувам во огледалото…Зошто го правам ова? За кого го правам…?

Еден тивок глас во главата ми нашепнуваше…Па за да бидам убава, за да може кога ќе ме сретне ТОЈ да погледне во зелените кругчиња и црните зеници и да ја прочита во нив нашата заедничка идна приказна.

Но не…Одам по улицата, има толку мажи, спортси типови, елегантни, лежерни, фалбаџии, срамежливи и арогантни…но секој од нив гледаше во моите нозе, моите гради, усните, но никој не погледна во моите очи.

Очите единствено не стареат и не можат да бидат никогаш грозни…тие се како прозорче кое покажува дел од нас, покажува дали сме тажни или вљубени или можеби студени после повеќекратно разочарување.

Сите сакаат да земаат, не…да грабаат од тебе, да грабаат од твоето тело, од срцето да грабаат нешто, кое одамна е празно!

1 Коментар

Напиши коментар