After Midnight

Зошто? Зошто мажите изневеруваат?

Навикнати сме да мислиме дека некако неверството се претвара во еден дел од природата на мажите. Е, да, де, но за се си има причина. Лошата вест е дека, да, многу е веројатно тој повеќе да не е заљубен во вас. Добрата е дека можеби вие сте ја предизвикале оваа реакција.

Можно е дури и несвесно да го правите тоа. Па видете кои се двете најчести причини поради кои мажите изневеруваат. И би требало да ги избегнувате пред да биде премногу доцна..

Го терате да се чувствува изоставен

Ова сценарио обично се се развива кај мажите кои за прв пат станале татковци или кај оние кои имаат жена работохолик. Во првиот случај мајката целото внимание го насочува кон новороденото дете, а во вториот, распоредот и е толку напорен што вниманието кон саканиот и е премногу…никакво.

Девојки, ќе треба да се потрудите да најдете рамнотежа. Не е лесно, знаеме, но и на вас не би ви се допаднало да сте во иста позиција, нели? Направете мали гестови на внимание. Одделете барем по 15 минути на ден, за да разговарате, да се гушкате на каучот, да се напиете чаша вино…

Чувствува недостаток на романтика

Ако мислите дека на мажот му е потребен само секс, за да е секогаш до вас, грешите. На господата исто така им треба додворување и не треба да заборавите да ги негувате со романтика и нежност. Потребно е да ја подгревате искрата со нови искуства постојано!

Иии…дозволете си да ги откажете обврските, кога тој има предлог да се видите или да излезете. Убаво е! А и работата речиси секогаш може да почека.

Write A Comment