Сигурно сте биле во ситуација кога сакате да откачите дечко, а не знаете како. Епа еве што мажот мисли и чувствува и за да не се случи нешто што не сте го очекувале, прочитајте ги следниве совети.
- Излегувате само со неговото друштво. Плановите за излегување постојано ги прави тој и секогаш завршувате со неговото друштво. А вие, колку и да се обидувате да се вклопите, никогаш нема да се чувствувате онолку добро како кога сте со вашите пријатели. Ако не пројавува интерес за вашите пријатели и за вашето семејство, тогаш ова е сигурен знак дека не сте му толку важни во животот.
- Ве изостава во последната минута. Ако често ви се случува да ви се јави пет минути пред да излезете, да ви откаже и потоа да излезе со неговите пријатели, тогаш лесно е да увидите дека не сте на прво место во неговиот живот. Доколку често доцни, иако знае дека сте договорени да одите на кино или имате резервирано во точно определен час, тоа исто така треба да ви потскаже дека не се грижи многу за времето кое ќе го поминете заедно.
- Не ви се јавува да провери како сте, иако знае дека сте биле на доктор. А потоа, кога вие ќе го побарате, се оправдува со изговори „бев зафатен“, „немав мрежа“ и сл. Ако не се грижи за вашето здравје, тогаш не размислува за вашата врска на долгорочен план.
- Заборава важни дати. Помина вашата 6-месечнина, вашата годишнина и вашиот роденден, а тој заборава дека треба да направи нешто специјално или дури и не се сетил на важните дати. Не можете да го оправдате со тоа дека „сите забораваат“. Да се случи еднаш е грешка, двапати – повод за расправија, но ако се случува редовно, време е да помислите колку сте важни во неговиот живот.
