After Midnight

29 работи кои ги прави мажите секси на момент

Дали мажите се привлечни или секси? Дали е тоа добриот изглед или однесувањето? Ништо повеќе не ја фасцинира жената од способен маж, кој ништо не може да го изненади. Моќта и знаењето да го реши секој проблем го прави магнет за спротивниот пол. А што го прави неодолив? Дали неговиот совршен физички изглед, или енергијата која ја поседува?

1. Завртени ракави. Зар не е секси кога на мажите им ги гледате подлактиците.

2. Сексипилноста е од неговата личност а тој не е свесен за тоа.

3. Брада од три дена.

4. Убав тивок глас. Не баш како Бери Вајт, но богат баритон може некои помалку атрактивни особини да ги снема за секунда.

5. Смисол за хумор. Не постои ништо полошо доколку не е духовит. Тоа всушност ги прави мажите помалку атрактивни.

6. Физичката кроткост во текот на сексот. Сакате да биде нежен и питом, а тој баш е таков. Зар тоа не е секси?

7. Мирис. Нерма ништо полошо кога ставил премногу парфем или колонска вода. Да биде привлечен доволно е да има благ парфем низ кој ќе ветрее неговиот природен мирис.

8. Не приметува ниту една друга девојка освен вас.

9. Го изговорува на глас вашето име кога не очекувате. Тоа е многу магична моќ која ја поседува мажот.

10. Знае да готви, иако е тоа само супа од кеса.

11. Не е љубител на животни, а ја обожува вашата мачка.

12. Тетоважи. Натпис или некоја друга тетоважа ги прави мажите попривлечни. Но сепак тоа е до вкусот и правото на избор.

13. Остава добар бакшиш. Исто така е фин и добар спрема конобарите и портирите.

14. Начинот на кој вас ве посакува.

15. Се грижи за некој.

16. Моќта на говорот. Ако убаво се изразува и правилно користи граматика секогаш девојките ќе му се восхитуваат.

17. Начинот на кој ја мести, носи, или ја вади краватата.

18. Одлично се снаоѓа со децата.

19. Има куче.

20. Ве гушка кога шетате. Тоа е така романтично и секси.

21. Трча. Сте сретнале маж на стаза за трчање, така добро му стои  тренерката за вежбање на извајаното тело.

22. Само што се истуширал и стои мокар замотен со пешкирот пред вас.

23. Ефикасен е во било која работа која ја работи.

24. Љубезен е кон твоите членови на семејството.

25. Не се јавува на телефон и не одговара на пораки кога е со вас.

26. Привлечен е кога носи одело.

27. Отстапува место на бремените и на децата во јавен превоз.

28. Ви дели комплименти.

29. Неодолив е бидејки на нозете има облека за мажи, елегантни чевли.

Напиши коментар