← НАЗАД НА БОЗА

4 делови од женското тело кои треба да се избегнуваат при секс

4 делови од женското тело кои треба да се избегнуваат при секс
601 Читања

Пријатниот секс подразбира спонтаност, опуштеност и отвореност за пробување на различни работи, но неколку делови од женското тело би било препорачливо да се избегнуваат.

ГРЛОТО НА МАТКАТА

Доколку го допрете нејзиниот цервикс за време на сексот, ќе забележите дека нешто не е во ред. Не заборавајте дека постои тесен канал ја поврзува вагината со матката. Така што тоа место би требало да се избегнува. За оние кои не знаат, грлото на матката е многу осетливо и болно место, а болката за време на секс треба да биде знак дека треба да ја смените позата при која ќе има поплитка пенетрација. Но болка и непријатно чувство за време на односот, исто така може да значи дека таа не е доволно топла и влажна. Кога е возбудена, нејзината вагина е малку подлабока, отколку што вообичаено е. Поради тоа не ја прескокнувајте предиграта и не го удирајте грлото на матката.

ГЛАВАТА НА КЛИТОРИСОТ

Можеби ви се чини контрадикторино, но клиторисот, кој е преполн со сензитивни нервни завршетоци, може да биде понекогаш премногу напнат доколку се стимулира директно. Сетете се на чувството кога пиете ладна вода и забите почнуваат да ве болат. Тоа не е вооопшто пријатно, зарем не? Наместо да ја фаќате главата на клиторисот, обидете се со кружни движења околу него, што секако ги стимулира нервните завршетоци и ќе овозможи поголемо уживање. Не ве советуваме да не го допирате ова чувствително место, но претходно проверете дали вашата партнерка има премногу чувствителен клиторис.

СТАПАЛАТА

Особено ако носи спортски чорапи. Истражувањата на еден универзитет покажале дека носењето на чорапи за време на сексот ги зголемува шансите за оргазам. Можна причина е тоа што жените мораат да бидат потполно опуштени и ослободени од анксиозност, како би доживеале оргазам, а ладните стапала можат да пречат во тоа.

Обично се препорачува да ги соблечете чорапите, но овојпат оставете ги.

АНУСОТ

Аналниот отвор може да предизвика мноштво опасности, па не би требало да се впуштите во таа област без лубрикант. Аналниот отвор е толку мал, па дури и допирот на прстите може да допринесе за непријатност. Според истражувањето во магазинот на сексуална медицина, жените подобро го опишале сексуалното задоволство кога користеле лубрикант.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk