Free zone

4 факти за голите мажи

За разлика од поголемиот број на жени, најголемиот број на мажи не би имале проблем да се разголат пред другите, но нивната слика за сопственото тело и те како е подложна на криза.

Немаат комплески пред жените

Се чини дека на момчињата им е многу полесно да ја соблечат својата гардероба отколку на жените. Една нудистичка група открила дека дури 65 проценти од нивните редовни членови ја сочинуваат мажи.

Машкото тело е топло

Мажите имаат поголема мускулна маса од жените. Со самото тоа нивното тело произведува повеќе топлина па им треба помалку гардероба. Токму поради тоа, голите фраери се толку врели.

Тие не поднесуваат пижами

Не им се пријатни и повеќе сакаат да ги носат по дома, отколку да спијат во нив. Неодамнешното истражување покажало дека поголемиот дел од припадниците на посилниот пол спијат потполно голи или евентуално со боксерки и мајца.

Непријатно им е од другите мажи

Дури 89 проценти од мажите го споредувале своето голо тело и големината на пенисот со останатите мажи. Тоа го правт тајно, во соблекувална или пак додека се тушираат.

Напиши коментар