Жените претпочитаат да ги игнорираат знаците на узбуна кога нешто не е во ред со врската. Преферираат да зажмурат со едното око, а особено оние кои се убедени дека сакаат лоши момци.
1. Нема веќе привлечност
Не дозволувајте да останете во врска во која е изгаснат жарот од навика, или затоа што сите ваши пријателки се во врска. Исто така, ако ни на почетокот на врската нема возбуденост, не мачете се, не губете време и не се обидувајте сами да ја изградите таа привлечност.
2. Ако е груб со продавачите, келнерите
Лесно е да се процени нечив карактер според тоа како се однесуваат со луѓето од кои лицето не зависи. Овој мал тест може да се примени и во ситуации како некој се однесува со персонал од услуги, како што се продавачите, келнерите итн.
3. Ако ве малтретира
Ако имате впечаток дека живеете во некој од филмовите на Хичкок, да ве оптеретува врската, физички или психички, тогаш бегајте!
4. Често нема време за вас
Запомнете: ако навистина е заинтересиран за вас, ќе пронајде време да биде со вас. Не си дозволувајте да ве залажува со разни изговори.
5. Ако немате допирни точки
Спротивностите се привлекуваат…па, не е баш точно. Меѓутоа, нормална појава е две различни личности да се сретнат, заљубат и да поминат некое време заедно. Таа сака да излегува, тој е повеќе за домашна варијанта. Тој сака месо, таа е вегетаријанец. Но, тоа се површни разлики.
Ако набљудувате такви парови, ќе видите дека всушност, се сепак слични и дека ги споделуваат најважните вредности. Ги ценат фамилијарните вредности, имаат иста смисла за хумор.
Нашите разлики не прават интересни, а сличностите не одржуваат заедно.
