After Midnight

6 работи кои може да ги научиме од сексот за одмазда

Водењето љубов треба да биде чин на љубовта, но сексот понекогаш служи како средство за одмазда

По раскинувањето сте имале секс со друга личност само затоа што сте помислиле дека на тој начин ќе се чувствувате полесно и дека побрзо ќе го преболите партнерот. Студијата Archives of Sexual Behavior открива дека третина од луѓео спие со некоја нова личност во текот на четири недели по раскинувањето. Дали тоа навистина ја ублажува болката по раскинувањето? Погледнете ги искуствата на луѓето кои ја почувствувале одмаздата преку секс и начините на кои таа влијае на нив.

1. Не помага кога сте лути

– Продолжив да се гледам со бившата две години откако раскинавме. Таа ја прекина врската бидејќи не сакаше врска на далечина. По раскинувањето бев толку лут што имав секс со некоја девојка која ја запознав на журка. Се чувствував ужасно бидејќи оваа е втора девојка со која сум спиел во животот, и тоа беше само поради одмазда. Мислев дека ќе се чувствувам подобро, но не беше така – изјави еден од испитаницие кој има 24 години.

2. Потсетува на важноста на сексуалната хемија

– Во мојата претходна врска немавме сексуални врски, но многу го сакав тој дечко. Раскинав со него по две години врска, и веднаш следната недела спиев со некое момче следејќи го советот: Најдобар начин да преболите некој, е да си најдете утеха во друг. Мора да признаам дека ми помогна – изјави девојката која има 5 години.

3. Секс без обврски може да биде многу забавно

– Добив работа во друг град, а девојката со која што бев во врска шест години не сакаше да дојде со мене, бидејќи не сакаше обврска и поради тоа раскинавме. Меѓутоа, ја сретнав во град следнаа вечер и имавме излудувачки секс. Тоа беше наш секс без обврски и беше многу забавен – изјави еден од испитаниците кој има 35 години

4. Ако вашето срце е скршено, мора да преболите

– Со дечкото бевме заедно три години и мислев дека тој е љубовта на мојот живот. Сепак, работите се сменија и раскинавме. Бев целосно скршена, а по две недели, решив да спијам со некој нов заради одмазда. Запознав еден дечко во клуб и тој целосно ме маѓепса. Почнавме да излегуваме и целосно заборавив на бившиот. Сè беше супер додека спиевме заедно. Тогаш почнаа да ми навираат чувства и морав да побегнам. Сфатив дека не е баш најдобра идеја веднаш по раскинувањето да завршам со некој друг. Ми требаше време да ми зараснат раните – изјави една девојка на 26 години.

5. Времето најдобро го лечи скршеното срце

– Кога девојката ме остави по врска од пет години, најдов нова само за секс. Во текот на летото работев во друга земја и завршив во кревет со колешка од работа. Таа беше мојата прва помош, но не успеав лесно да ја преболам бившата. Мислев дека секс со непозната личност ќе го забрза процесот на тагување и дека побрзо ќе ја преболам минатата љубов. Спиев со уште две жени, не барав љубов, туку само утеха. Сексот со тие девојки воопшто не беше добар. Заклучив дека единствено нешто што помага е времето – изјави еден испитаник на 25 години.

6. Може да ве ослободи

– Сè што правев две недели по раскинувањето со дечкото беше од одмазда. Од одмазда одев во шопинг, на пијалок или флертував. Сето тоа ме доведе до секс за одмазда кој беше одличен и ми ги отвори очите. По врската која ме гушеше и во која се чувствував како дух од ламба, се ослободив и уживав во моментот. Партнерот кој го пронајдов по раскинувањето целосно ме освести. Набљудувањето на мажите како извор на бесплатни ручеци и лесен и брз секс, беше ослободувачки – изјави една анкетирана девојка на 27 години.

 

Напиши коментар