After Midnight

7 делови од телото кои ги возбудуваат мажите

Пластични операции, лифтинзи, масажи, диети… и сè тоа за да изгледате послабо. Погрешно! Мажите го сакаат женско тело природно со облини.

Ова се работите на кои треба да обрнете посебно внимание, доколку сакате да го привлечете посилниот пол:

Коса

Мирисот и свежината на штотуку измиена коса е она што го возбудува мажот. Чиста, бујна коса која ќе привлече внимание.

Очи

Женските очи се навистина магични, велат мажите. Без разлика дали имаат шминка или не, доволен е еден искрен поглед, заводлив поглед… и мажот ќе биде ваш.

Кожа

Мазна, мека кожа, тоа е она што го возбудува мажот. Не треба да давате многу пари за да го постигнете тоа. Доволно е два пати во неделата да подготвите некоја домашна маска или пилинг кој ќе ја освежи вашата кожа  и ќе ја направи неверојатно мазна.

Рамена

Голите рамена се многу предизвикувачки за мажите. Тие многу повеќе се возбудуваат кога ќе видат голи рамена, отколку деколте кое открива се.

Стомак

Само со редовна физичка активност и вежбање може да постигнете рамен и цврст стомак. Тоа е она што мажите ги излудува.

Гради

Мажите сакаат убави гради, а тоа не подрзбира големи гради. Доволно е да се грижите за своите гради така што ќе вежбате, ќе нанесувате креми и масла за кожата да биде цврста и затегната.

Write A Comment