After Midnight

8 Секси трикови за вашиот партнер! Ефектот е неверојатен

Доколку осетивте дека во вашиот однос некако преовладува монотонија, приуштете си неколку трикови на кои тој нема да остане рамнодушен.

Шепотете, освојувајте, почнете па оставете недовршено, излудете го партнерот…

Нека го излуди вашето тело!

Во времето кога тој вообичаено се враќа дома припремете му еден секси трик. Оставете ја вратата од тоалетот отворена. Нема ништо попривлечно од голо чисто тело. Погледот на вас гола, како се мачкате со крема за тело ќе го возбуди.

Облечете црвено!

Познато е дека мажите сакаат кога нивната партнерка носи црвено. Кога заедно се спремате за некое излегување облечете нешто црвено, нешто кое зрачи со сексипил. Ќе имате незаборавно искуство уште пред да излезете, а доколку вие ја држите контролата тогаш тој едвај ќе чека да се вратите, а потоа следува…

Играјте се

Приуштете си забава и предложете му некоја друштвена игра. Секако не мислиме на некоја обична игра. Играјте така што оној кој губи ќе треба да се соблече, полека по едно парче од облеката. Погледот на голо тело кое не смеете да го допрете знае да биде многу примамлив.

Упс, се намокрив

Додека миете садови или се плеткате во кујната “случајно” попрскајте се со вода. Мократа мајца изгледа мнооогу секси.

Спонтано греење

Кога ви е ладно спонтано вовлечете се до него. Најпрво однапред, а потоа полека одзади. Допирот со вашите гради на неговиот грб ќе го излуди.

Секси пораки

Додека не сте заедно пишувајте му секси пораки. Направете да мисли на вас и кога не е до вас. Кога нешто очекувате да се случи а не може да го добиете во моментот е многу повозбудливо.

Вербална стимулација без допири

Зборовите знаат да бидат многу помоќни од делата. Затоа кажувајте му секси работи кои сакате да ги правите додека сте излезени. Доколку сте доволно уверливи нема да издржи многу долго.

Говорот ги предизвикува вибрациите

Додека го масирате својот партнер, нежно шепнувајте му на уво. Додека го бакнувате по целото тело кажете му колку ве возбудува неговиот мирис… И при тоа потрудете се тоа да го кажете со интонација и нежност која ќе ги разбуди сите вибрации.

Write A Comment