Дали знаевте дека првите денови на јануари е времето кога се случуваат повеќето измами? Се верува дека причина за тоа се стресови кои паровите ги доживеале и преживеале за време на празникот. Дали сте и вие една од многуте жени кои овие денови размислува на прељуба?
Сексологот Трејси Кокс објаснува дека некогаш жените влегувале во афери, бидејќи исчезнувала заљубеноста кон сопругот, но денес тоа се почесто го прават исклучиво поради сексуално задоволство и возбуда. Значи сеуште се заљубени во своите сопрузи, но посакале нешто ново и поразлично. Овие изјави ги потврдуваат и истражувањата кои покажуваат дека односот на жената кон вонбрачни сексуални афери во голема мера се променил. Жените денес се возбудуваат да направат нешто што претходно не можеле ни да го замислат.
“Се разбира дека кај жените се јавува чувство на вина поради тоа, но научиле да го намалат. Самите си велат дека заслужуваат среќа и ново чувство кое ќе ги разбуди. Си се тешат дека се добри мајки и добри сопруги и дека аферата е нешто само за нив што малку ќе ги расположи и ќе им обезбеди задоволство”, вели познатиот сексолог.
Исто така, истакнува дека е лесно да се обвини таквото однесување и да се нарече себично, но додава дека тоа не е така. “Нивните брачни другари или долгогодишни партнери можат да профитираат од овие афери. Зашто? Тие афери ги усреќуваат нивните жени кои се со подобро расположение, а со самото тоа се и подобри кон своите сопрузи”, објаснува Трејси Кокс.
Се чини дека жените ги “поразија” мажите во оваа област. Всушност, жените се подобри во чување тајни и прикривање траги на измама, па е особено тешко да се откријат. А ова го прават се повеќе жени, бидејќи истражувањата покажуваат дека денес изневеруваат еднакво како и мажите. Нема сомнеж, светот на машко-женски односи се неповратно се менува.
