Free zone

Ако мажот направи тест за бременост и истиот испадне позитивен..

Откако во неговиот стан нашол заборавен тест за бременост, од некоја од претходните партнерки, маж од шега одлучи да испроба. Кога индикаторот покажал две цртички, што означува бременост, радозналиот шегаџија објавил фотографија и се пофалил на пријателите дека е “бремен”.

Сите добро се насмеале, но еден негов пријател отишол чекор понатаму и на Reddit ја објавил фотографијата. Откако  фотографијата се проширила на интернет, некои корисници го предупредиле дека резултатот може да укажува на здравствени проблеми.

Ако тестот на бременост ви е позитивен, тоа може да значи дека имате рак на тестисите. Одете на преглед”, советувал еден коментатор.

Откако сериозно ги сфатил советите и отишол на лекарски преглед. Се потврдило дека навистина има рак на десниот тестис.

Иако оваа шега на крај му го спасила животот, лекарите предупредуваат дека ова не е веродостоен начин за откривање рак и дека редовните контроли на уролог се задолжителни.

Напиши коментар