After Midnight

Ако сакате да освоите девојка, овие комплименти не смеете да и ги кажете!

Веќе неколку пати пишуваме за разликите меѓу половите па така, жените погрешно го толкуваат нашиот смисол за хумор, или пак ние сме двосмислени, но како и да е, ако немаш нешто паметно да кажеш, подобро молчи.

„Не изгледаш како за годините“, Ваквата изјава делува збунувачки, а може и да биде навредлива кон жените. Ако мажот мисли дека жената изгледа како 21 годишна девојка, а всушност има 35 години, тогаш тоа е прекрасен комплимент.  Но ако има 25 а ти ѝ кажуваш дека личи како за 18, големи се шансите да си сфати дека е незрела.

„Фино си пополнета“, Или елегантно пополнета, НЕ! Тоа за жените ниту е комплимент ниту е бонтон. Некаде можеби ќе биде сфатено како комплимент, ама кај нас нема шанси. Освен тоа нејзините облини можеби навистина ви се допаѓаат, но таа тоа нема да го разбере ако ѝ дадете комплимент од овој вид.

„Имаш егзотичен нос’’, Што би требало ова да значи? Има штангла на лицето? Со оглед на тоа дека многу луѓе имаат комплекс за носевите треба да знеш дека воопшто не треба  да го спомнуваш овој дел од телото.

„Имаш големи очи“, Реално гледано, кравите имаат прилично големи очи. Затоа, овој комплимент најдобро е да се замени со срна.

„Слаба си“, Мажите навистина сакаат девојки на кои имаат што да видат и секако допрат. Но кога станува збор за килограмите жените се многу чувствителни. Оваа изјава нема да биде комплимент туку навреда бидејќи слабите жени се всушност ненадарени.

„Имаш убаво лице“, А телото е катастрофа? Да, тоа ќе си го помислат. Ќе си помисли дека ѝ го сакаш лицето , а не и телото. Затоа шшшшш.

„Сега изгледаш многу подобро“, Секако дека изгледаш убаво е комплимент, ама зборот „сега“ ќе ги закочи работите. Што сакате да кажете, дека претходно не ви беше убава па сега се разубавила? Да, да, сами ќе си ја поставивте стапицата од која тешко се излегува.

Напиши коментар