Научниците откриле дека покрај физичката болка, и емотивната болка може да се ублажи со блокирање на истите мозочни рецептори.
Наоми Азенбергер од универзитетот во Калифорнија појаснила дека таа и нејзините колеги спровеле истражување преку кое ја откриле поврзаноста на двата вида на болка.
„забележавме дека снимките на мозочните реакции на физичката и емоционалната болка изгледаат скоро идентично“, изјавила Азенбергер.
Истражувањето било објавено во службениот весник на Здружението на американските психолози, а во него се објаснува дека луѓето кои ќе се напијат аналгетик се помалку емоционално чувствителни додека трае неговото дејство, како и дека луѓето кои имаат ниска толеранција на физичка болка посилно ја чувствуваат и емоционалната болка.
