← НАЗАД НА БОЗА

Анастасија се враќа на музичката сцена!

Анастасија се враќа на музичката сцена!
675 Читања

Анастасија во мај ќе го објави новиот албум „Resurrection” кој ќе го одбележи нејзиното враќање на светската музичка сцена по борбата со ракот на дојка што траеше од 2003 година. Таа сега има 45 години.

„Пишувањето песни ми помогна да ги надминам тешките моменти. Ми помага самиот факт дека можам да ја раскажам мојата приказна”, изјави Анастасија. Да потсетиме дека минатата година на нејзиниот профил на Twitter ги израдува фановите и напиша дека е во последната фаза од заздравување по двојната мастектомија. Анастасија вели дека болеста не успеала да го забави нејзиниот креативен процес и дека сега е фокусирана на својата кариера.

Нејзиниот последен албум „It’s a Man’s World” не се пласираше добро на британските топ листи, а последен нејзин сингл кој влезе во топ 40 е „Heavy on my Heart” од 2005 година.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk