← НАЗАД НА БОЗА

Апаратот кој бил на Месечината продаден за 550.000 евра

Апаратот кој бил на Месечината продаден за 550.000 евра
393 Читања

Апаратот “Hasselblad Lunar Module Pilot Camera” му припаѓал на Џим Ирвин, кој со него направил 299 фотографии во текот на мисијата на Аполо 15, летото 1971 година.

Единствениот фотоапарат на Американската вселенска агенција NASA, кој се употребувал на Месечината, продаден е на аукција за 550.000 евра. Сребрениот фотоапарат кој можел да се прицврсти на предниот дел на астронаутот, бил првобитно проценет на 200.000 евра.

NASA пратила вкупно 14 апарати на Месечината во текот на мисиите од Аполо 11 до 17 помеѓу 1969 и 1972, но само еден е вратен на Земјата, најверојатно поради тоа што филмот се заглавил.

Со оглед на тоа дека тежината била една од главните преокупации на овие патувања, фотоапаратите кои тежеле по неколку килограми, биле по правило оставани на Месечината за астронаутите да можат да донесат што е можно повеќе вселенски примероци.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk