Техниката која денес се применува без сомневање води до подобра форма кај врвните билдери, меѓутоа почетниците и средно искусните билдери повеќе ги интересира обликувањето и дефинирањето на мускулите и развојот на нивниот обем. Поради тоа, за нив не е препорачливо да експериментираат со комплицирани техники, кои ги користат врвните бодибилдери за развој на мускулите, бидејќи со тоа ќе го успорат растот на мускулите.

Првиот чекор во развојот на мускулната маса цврстото верување дека можете да успеете во тоа. Поставете си цел и работете напорно за да ја остварите.

Следниот чекор претставува напорното вежбање составено од основни вежби изведени со голема тежина. За поголемиот дел на мускулите наместо справи користете еднорачни и дворачни тегови.

Основните вежби кои ви ги препорачувам се:

  • Гради – бенч, коси бенч и лежечко летање;
  • Грб – вратило, веслање со Т шипка, влечење на сајла на лат машината и веслање со дворачен тег;
  • Рамена – потисок пред и зад врата и латерално дигање на еднорачни тегови;
  • Раце – Еднорачни и дворачни тегови, потисок на трицепс и скелкови со тежина;
  • Нозе – чучњеви, ножен потисок и свивање на справа;
  • Листови– Подигање на прстите додека стоите;
  • Стомак – Подигнувања на коса даска.

Кога работите на тежината, без оглед кои вежби ги применувате, морате да користите голема тежина со помал број на потворувања. Секоја вежба започнете ја со серија од 12 повторувања(загревање), а во следните 6 серии зголемувајте ја тежината и намалувајте го бројот на повторувања.

Вежбите за сила како што се “мртвото” подигнување, трчање, треба да имаат примена во програмата чија цел е да се зголеми мускулната маса. Овие вежби не се препорачува да се изведуваат често бидејќи се исклучително напорни и во комбинација со основните вежби може да доведат до огормен замор. Со нивно периодично вклучување во тренингот полесно ќе добиете снага која е неопходна за брз раст на мускулната масa.

Напиши коментар