Секогаш има многу негативни работи и совети за да се фати брачниот другар или пак дечко во најмала рака, но се среќаваат и позитивни работи во однос на тоа да се биде без партнер!
Така, можете да го прескокнете депилирањето и сепак да се чувствувате одлично. Во зимските денови бричењето и депилирањето се опција од која можете слободно да се откажете, без подоцна нечии раце да ве натераат да се каете. Не паничите за секое доцнење на менструацијата. Ви доцни три дена? Па што? Не мора веднаш испаничени да трчате до аптека за да купите тест за бременост.Не мора да глумите оргазам само за да зголемите нечија самодоверба. Не е тајна дека многу жени глумат оргазам за да го усреќат партнерот. Кога сте сингл, единствената среќа на која треба да мислите е сопствената.
Можете да бидете нерасположени и тивки без лажно да ве обвинуваат дека сте во ПМС. Ако не ви се зборува, едноставно можете да молчите без да давате непотребни објаснувања. Тишината понекогаш е прекрасна, нели? Нема кој да ви превртува очи додека озборувате со пријателките. Сте слушнале нов сочен трач? Можете да го споделите со пријателките без да очекувате негативна реакција од десната страна. Излегувањето со машко друштво не е повод за кавги. Можете да излегувате кога сакате со машкиот дел од вашето друштво, без да станете мета на обвинувачки погледи и неумесни коментари. Слободно истражувајте ги размислувањата на мажите преку кафе-муабети. На крајот на краиштата, тоа ќе ви помогне да го направите најдобриот избор на партнер кога ќе одлучите да се разделите со статусот сингл.
Можете да излегувате, да се забавувате, да танцувате без постојано да гледате во часовникот. Сакате да се забавувате до 5:00 наутро со весело друштво? Слободно. Кога сте сингл нема прашања како „Каде беше?“, „Со кого?“ или „Кога се врати дома?“. Имате дозвола себично да мислите само на себе и на тоа како да си го зголемите бројот на насмевки. Вие сте со личноста која може да ве направи најсреќни. Чекањето некој друг да ви го направи животот позабавен и да ве развесели е клучот кон тагата и разочарувањето. Кога се сакате себеси и уживате во она што сте, бидете убедени дека сте на вистинскиот пат кон среќата.
