ЛОНДОН-Иновативно
Компанијата “Green Energy Options” од Кембриџ разви нов, паметен систем за загревање на домот кој се нарекува Cosy – што значи удобност. Станува збор за нешто повеќе од додаток за централно греење, во прилог на овој уред се добива и апликација за IOS и Android смартфоните со кои се контролира смиот систем за греење, но исто така и домашните апарати како лампите, кои се прикулучени на смарт приклучоци.
Инаку, целиот Cosy систем работи на 868MHz радио фреквенција со помош на протокол наречен Legato. Со негова помош, сите делови на опремата можат да комуницираат меѓусебно и да ја контролираат температурата. Cosy може да се унапредува со текот на времето, односно постои можност за додавање на постоечкиот систем делови со нови функции кои ќе се појават во иднина.
