Daft Punk станаа еден од главните победници на доделувањето на музичките награди Греми во Лос Анџелес, кога Французите ги однесоа ласкавите признанија во пет категории.
Англиската пејачка и композиторка Ели Голдинг е победник за 2014 година во категоријата „Најдобра британска пејачка”, којашто минатата година ѝ припадна на Санде за дискот „Our Version of Events” кој стана најпродаван во Велика Британија.
Arctic Monkeys и One Direction добија награди во по две категории. И тоа, Arctic Monkeys добија награди за Албум на годината (AM) и Најдобра британска група, додека пак One Direction ја добија наградата за Глобален успех и Најдобро видео (Best Song Ever).
Дејвид Боуви ја доби наградата за најдобар британски соло изведувач, која во негово име ја подигна Кејт Мос. Лорди пак ја доби наградата за најдобар странски женски изведувач, а во машка категорија оваа награда отиде во рацете на Бруно Марс. Rudimental пак ја победија конкуренцијата и ја освоија наградата за најдобар британски сингл за песната Waiting All Night.
httpv://www.youtube.com/watch?v=sDpiBCdAZr0
