After Midnight

Дали е добро да живеете заедно со партнерот пред брак?

Новата студија проучува дали заедничкиот живот пред бракот ги зголемува шансите за развод.

Веројатно многу пати сте чуле дека заедничкиот живот пред бракот ја зголемува веројатноста за развод. Дали се тоа само бабски приказни или вистина испитала новата студија која е објавена во списанието Journal of Marriage and Family.

Во последните години, од заедничкиот живот на паровите пред да стапат во брак стана вообичаена пракса, и покрај истражувањата кои покажаа дека тоа може да биде лоша идеја. Според податоците, половина од Американките на возраст од 15-44 години зивееле со партнерот пред брак, игнорирајќи ги спроведените  истражувања. Добро е што овие истражувања се веќе застарени а новите покажуваат дека паровите кои живеат заедно пред брак всушност имаат помали шанси за развод.

Истражувањето било спроведено на споредување на паровите кои пред брак имале заеднички живот, со паровите кои во брак влегле без претходно искуство на заедничко живеење. Се покажало дека и возраста на партнерите е еднакво важна за истражувањето, бидејќи помладите двојки често почнуваат да живеат заедно. За нив, шансите за успешен брак ќе бидат поголеми, бидејќи самиот чин на бракот е потпис на хартија, а со сите предизвици се запознале пред долго време. Кај паровите кои веднаш стапуваат во брак се создаваат критични односи бидејќи настануваат големи промени во нивните животи.

 

Напиши коментар