За жените љубовта е исклучително важна за сексот да биде добар. Истражувањето покажало дека 78 проценти од жените со старост помеѓу 20 и 68 години сметаат дека сексот е подобар кога постои љубов помеѓу партнерите.
Само 18% од анкетираните жени рекле дека љубовта не им е важна за постигнување на сексуално задоволство.
Кога жената има секс со партнерот кој што го сака, таа е помалку инхибрирана и лесно се вклопува во сексуални експерименти.
Од друга страна, медиумите често прикажуваат дека случајниот секс е сосема во ред.
Во исто време, често таквите жени се прикажуваат во негативно светло.
Освен тоа, во медиумите бракот е често прикажан како однос без секс, додека учесниците во истражувањето велат дека сексот е најважен дел од нивниот брак.
