Free zone

Дали грешите со подарокот за вашата жена?

Кога се работи за мажите, купувањето на подароци и не е толку јака страна. Сите добро знаеме дека не сакаме да „висиме“ по излозите, а шопингот не ни е јака страна. Овој „проблем“ го решаваме многу едноставно. Влегуваме во првата продавница и купуваме вило каков подарок за сума еднаква на сметката што сме ја направиле претходната вечер во ноќниот клуб.

Чест на сите искучоци, обично мажите и немаат план во купувањето, а уште помалку цел.

Ние решивме да ви помогнеме околу ова прашање, само за да не ги ставате вашите жени и девојки во искушение, па да ве напуштат.

Не и купувајте ништо што е поврзано со кујната. Секако дека поголемиот дел од жените знаат да готват. Но ако се работи за поклон, колку и да ви изгледа интересен некој апарат за во кујна, немојте да го купите. Замислете таа да ви купи клуч за во работилница…

Облека, ако вашата девојка е специфична кога се работи за облеката, тогаш ве советуваме воопшто да не експериментирате. Ако и го знаете стилот тогаш да, но ако сепак се сомневате, а знаете дека таа сака некое парче, земете ја под рака и заедно упатете се кон трговскиот центар, па оставете ја нека си одбери.

Слика уметничка?  Ако сте уметници и знаете што ја прави среќна, во ред, купете. Но ако немате врска од уметност немојте ниту да помислите. Уште полошо би било, ако купите рамка па во неа ставите слика од вас. На девојките од 12 години можеби би им било интересно.

Ако случајно таа разговарала пред вас за препарат за слабеење, тоа не значи дека вие треба да и го купите. Покрај тоа што нема да и се допадне, ќе ја натерате да се чувствува фрустрирано и дебело.

Еве и некои подароци што жените ги сакаат:

Накит – сосема спротивно од облеката. Каков и да е, накит е. Купете го.

Масажа – уплатете и третман за лице, масажа, маникир, педикир… нема да има како вас.

Патување – тоа секогаш е драг подарок. Секоја дестинација ќе и биде убава.

Можеме да заклучиме дека жените се комплицирани, но факт е дека мажите се без креативност и идеи. Бидете свој и направете мал романтичен гест, така нема да погрешите.

 

Напиши коментар