After Midnight

Дали сте вистински заљубени!

Според една неодамнешна студија, желбата да инвестирате време во вашата врска е клучен индикатор за успешна долгогодишна интимност. И покрај тоа што можеби и двајцата сте пренатрупани со домашни и работни обврски, вие сепак секогаш наоѓате време да бидете заедно на само. Токму ова однесување е знак дека сте навистина заљубени еден во друг.

Додека сте заедно, дали вашиот партнер ве прашува за вашиот ден и покажува заинтересираност за позитивните и негативните случувања? Паровите ја градат нивната љубов така што ја вежбаат својата поддршка преку одржување на комуникацијата.

Партнерите кои навистина се грижат еден за друг целосно ќе си веруваат. Истражувањата покажуваат дека во долгогодишните врски, паровите сакаат да знаат каде се нивните партнери во секое време. Но, тоа не го прават поради стравот дека нивниот партнер ќе направи нешто што не смее, туку едноставно за да не се грижат дека им се случило нешто лошо доколку на пример, им се истроши батеријата на мобилниот телефон и се недостапни.

Кога сте премногу зафатени, најмалку би сакале дополнителни обврски. Но, ако вашиот партнер навистина се грижи за вас и ве сака, нема да му биде воопшто тешко да направи нешто доколку навистина имате потреба од тоа. На пример, ако сте настинати и немате сила да станете од каучот, тој/таа без проблем веднаш ќе истрча до аптека за да ви купи лек.

Една неодамнешна студија покажала дека доколку имате здрава љубовна врска, можно е вие и вашиот партнер да бидете на сосема спротивни страни од политичкиот спектар и сепак да бидете среќни заедно со години. Трикот не е во вашите верувања, туку во отвореноста при прифаќањето на перспективите на вашиот партнер. Доколку тој/таа е навистина заљубен/а во вас, тогаш и покрај тоа што не го дели вашето верување за одредена тема, барем ќе биде подготвен/а да ве сослуша во секој момент.

Паровите треба заеднички да одлучуваат за сите одлуки, без разлика дали станува збор за секојдневни нешта како домашните обврски, или пак за посериозни нешта како вложувањето на вашата заштеда. Убаво е доколку секој „специјализира“ за одредени нешта во врската, но сепак подобро би се чувствувале доколку знаете дека вашите погледи и размислувања ќе бидат сослушани и разговарани пред да се донесе одредена одлука.

 

Напиши коментар