← НАЗАД НА БОЗА

Даниел Кајмакоски: Сите песни и ги посветувам на мојата мајка!

Даниел Кајмакоски: Сите песни и ги посветувам на мојата мајка!
851 Читања

Неколку дена пред големото суперфинале на шоуто “X Фактор Адриа” Дниел Кајмакоски го користи времето малку да се прошета низ Белград.

Нашиот Даниел откри за “Блиц” дека најмногу сака да го вежба својот глас кога е сам, далеку од очите на јавноста и публиката, а потоа кога ќе излезе на сцената, целата енергија да ја насочи кон нив, публиката која му дава сила да успее во својот животен сон. Даниел исто така вели дека пред секој настап има трема но и задолжителен ритуал без кој не излегува на сцената. Имено, тој секоја песна и ја посветува на својата мајка, како негова најголема поддршка и најголем критичар.

Иако повеќе пати до сега се обидувал да ја започне својата пејачка кариера и никогаш не го постигнал она што навистина го сакал, Кајмакоски тврди дека токму ова е моментот кој отсекогаш го чекал и дека каков и да биде крајот на овој натпревар тој никогаш нема да се смени и ќе остане истото момче како и до сега.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk