Еве неколку знаци кои покажуваат на тоа дека нешто во вашиот кревет не е како што треба.
Не сте фокусирани
„Дали ја исклучив рерната“, „Утре во колку имам прв состанок?“… ако вакви или слични мисли ви шетаат низ глава за време на сексот, време е да се подзамислите малку. Нормално е мислите да ви лутаат, дури и за време на секс, но не е нормално кога се грижите за секојдневните проблеми.
Се заморувате
Наместо длабока поврзаност со партнерот за време на сексот, вие ги броите минутите до крајот и веќе водите внатрешен монолог: „Ќе заврши ли ова некогаш? За 10 минути ми почнува серијата на ТВ!“. Коментар не е потребен.
Веднаш се облекувате
После неколку минути целосна интима со партнерот, штом еден од вас двајца ќе го достигне врвот, станувате и се облекувате. Ова е сериозен знак дека во вашата врска недостига опуштеност и дека не сте комфорни во близина на партнерот. Можеби сте несигурни во себе? Како и да е , треба да поработите заедно на тоа. За добар секс не треба да се срамите и треба меѓусебно да се разбирате.
Не експирментирате
Вашиот секс секогаш почнува и завршува на ист начин? Не ги менувате позите, местата на кои водите љубов? Вашата врска е навистина сиромашна. Добар секс овозможува да бидете доволно отворени за тестирање нови пози, секс играчки, лубриканти, разни делови од животниот простор. „Кама сутра“ постои со причина, и верувајте, никој не сака да биде само долу или само горе до крајот на животот.
Едно мислите, друго правите
Додека водите љубов замислувате групен секс, секс во автомобил, како го врзувате партнерот… Ваквите мисли не се причина за загриженост доколку се јавуваат повремено, но ако тоа се повторува воопшто не е нормално. Ако сакате да пробате нешто ново, предложете му го тоа на партнерот. Комуникацијата е клуч за добар секс. Ако сте исплашена или се срамите да ги изразите вашите најдлабоки желби, вашиот сексуален живот нема никогаш да биде подобар.
