Фудбалерот Дејвид Бекам минатата недела на Филипините ги посети децата кои се жртви на тајфунот кој ги погоди. Во таа прилика многу од децата останаа без родители, но и без своите домови.
Тој на Филипините сними промотивно видео како амбасадор на добрата волја. Со фотографијата на која држи мало бебе веќе успеа да го разнежни светот, а сега покажа и како си игра со децата.
“Малиот двегодишен Еуги нема мајка да го прегрне кога е вознемирен, бидејќи таа настрадала од ударот на тајфун, а тоа значи дека момчето вечерва нема дом во кој ќе се врати, бидејќи е целосно уништен”, вели Бекам во видеото, коментирајќи посебно за судбината на едно момче.
Погледнете го видеото:
