After Midnight

Девојки по овие знаци ќе дознаете дали и тој се заљубил во вас

Тој можеби нема да ви каже, но постојат мали сигнали по кои ќе препознаете дали се заљубил во вас.

Само кашлањето, немаштијата и заљубеноста не можат да се сокријат.

Дали ја има онаа “глупава” насмевка секогаш кога ќе ве види? Дали не ги трга очќите од вас додека зборувате? Заљубе е.

Ти испраќа sms пораки кои не се однесуваат само на вашиот договор кога и каде вечер, туку имаат речиси безсмислена содржина? “Сега видов куче исто како твоето”, е информација која со тебе има потреба да ја сподели само човекот кој си го фасцинирала.

Колку пати денеска ти се јавил? Ок, секогаш има нешто важно да ти каже, но ако размислиш подобро, ќе ти стане јасно дека сето тоа може да ти го соопшти само со едно јавување, или дури со една порака. Јасно ти е зошто тој те бара? Да, да – да ти го слушне гласот!

Оди во шопинг и те вика да му правиш друштво? Тој се заљубил во тебе! Не само што сака совет од тебе во врска со новата гардероба, туку и самиот факт дека има потреба да ја обнови гардеробата , доволно зборува што чувствува за тебе.

Сите во друштвото го “прозиваат”, а тој не се лути и само се смешка? Готов е!

Напиши коментар