After Midnight

Добра ли си во кревет?

Едно е да имаш богато искуство, сосема друго е да си вистинска тигрица во кревет! Има жени кои навистина остануваат спомени за цел живот во умот на еден маж, откако имале секс со него. Еве знаци дека и ти си една од нив.

Тој е подготвен за “втор дабл”

Само пред неколку минути сте завршиле и тој повторно е возбуден. Тоа секако значи дека му било супер пријатно и нема трпение да го доживее повторно.

Станува весел

Ве закачка, ве штипка, се шегува… Тоа е категоричен знак дека господинот сеуште мисли на секс. Што од своја страна кажува дека многу му се допаднало.

Не запира да ве бара

Да, може и да се заљубил во вас. Но, ако настојува да се видите вечерта, значи сака секс. Немој да си даваш лажна надеж. Можеби само си била неверојатна во кревет…

Одеднаш станува супер активен

Натпреварувачкиот дух е констатиран во машаката свест. Значи тоа е сосема нормално кога ќе забележи во тебе голема “конкуренција” да се обиде да се претстави што е можно подобро. Се стреми на секаков начин да те воодушеви, те прашува дали ти се допаѓа. Сето ова зборува дека си го воодушевила уште на самиот почеток.

Ти вели дека сексот бил супер

И не само што го кажува, тоа и го мисли! Имајте во предвид дека токму после секс мажите се искрени. Значи, штом чуеш такво нешто, биди сигурна дека си се претставила повеќе од одлично.

Write A Comment