After Midnight

Додека лагата не не раздели: Најчести машки и женски лаги во врските и бракот!

Мажите користат лаги за изгледот на партнерките, додека девојките лажат за тоа колку уживале во креветот.

Сите се служиме со мали ситни лаги во секојдневната комуникација. Некои се сосема невини и ненамерни, додека другите се внимателно смислени!

Дури 75% од мажите и 71% од жените повремено го лажат партнерот. Истовремено на парнерот му веруваат 39% од жените и 53% од мажите, покажала неодамнешната анкета спроведена на 100.000 испитаници.

Меѓу исклучително среќните парови 69% од нив во некој момент лажеле само за да ги заштитат чувствата на партнерот. Притоа многу е голем процентот од оние кои лажат за чувствата – тоа го направиле дури 59% од мажите и 56% од жените.

dvojka

Луѓето најмногу лажат на интернет. Дури 80% од луѓето кои бараат партнер преку интернет се претставуваат лажно и притоа бираат матни, слабо осветлени фотографии. Половина од мажите лажат на интернет профилите за годините, висината и тежината, па така во просек си одземаат 1,5 килограм и велат дека се една или две години помлади.

Жените се повеќе склони за бришење на килограмите (во просек одземаат 8,5кг). Но, кога ќе се земат во предвид сите љубовни лаги, мажите се почесто кажуваат лага на сметка на изгледот на партнерката, а жените лажно ќе ја пофалат сексуалната умешност на мажот.

Истражувањето покажало дека дури 43% од жените лажат за задоволството за време на сексот, а тоа го праватсамо 28% од мажите.

ljubov

Анкетата обично потврдува дека жените почесто кажуваат лага за да ја избегнат расправијата и да не ги повредат чувствата на партнерот. На листата на лаги кои жените најчесто ги употребуваат се и оние: “ Не го очекував твојот повик”, иако безброј пати провериле дали имаат пропуштен повик.

Малку жени по сексот може да ја прифатат понудата: ”Ајде да бидеме пријатели”, па затоа е реченицата: “И јас размислував за тоа, зашто да ги комплицираме работите?”, една од најчестите лаги со кои сакаат да го намалат разочарувањето.

par-u-restoranu-1392994664-27786

Тој и таа за лагите

54% од жените и 49% од мажите ќе го прочитаат мејлот на партнерот ако за тоа им се отвори прилика. И тоа никогаш нема да го признаат.

36% од жените и 50% од мажите изјавиле дека понекогаш лажат за тоа каде биле и што правеле. Некои од испитаниците изјавиле дека не би кажале на партнерот дека ја сретнале бившата љубов.

Топ 10 најчести лаги на жените

  1. Ништо не ми е, добро сум.
  2. Незнам каде е твојот…не го допрев.
  3. Не беше многу скапо.
  4. Не испив премногу.
  5. Ме боли глава.
  6. Беше на распродажба.
  7. Доаѓам, во близна сум.
  8. Ја имам оваа маица/фустан/чанта…со години.
  9. Не, не ти го фрлив тоа.
  10. Тоа е она што отсекогаш го сакав.

 

Топ 10 најчести лаги на мажите

  1. Ни пиев толку многу.
  2. Ништо не ми е, добро сум.
  3. Немав мрежа на мобилниот.
  4. не беше многу скапо.
  5. Блиску сум.
  6. Заглавив во сообраќајот.
  7. Не, задникот не ти изгледа голем во тие панталони.
  8. Извини, не го слушнав повикот.
  9. Ослабната си.
  10. Тоа е она што отсекогаш го сакам.

Напиши коментар