After Midnight

Докажано: Вљубените се како една целина!

Вљубените често како да си ги читаат мислите, ги довршуваат речениците и ги делат истите интереси… Но знаевте ли дека дури и нивните срца бијат во еден ритам?

Да, излегува дека е токму така! Едно од последните откритија на научниците од Универзитетот во Калифорнија, кога двајца луѓе кои се сакаат, седат блиску еден до друг, срцевиот пулс и ритам на дишење кај двајцата стануваат слични. Нели е убаво?! Навистина – вљубените се како две половини на еден организам…

“Рсаполагаме со многу истражувања кои покажуваат дека еден човек во врска може да го преживее она што другиот човек го доживува емотивно, но ова истражување покажа дека тие исто така споделуваат искуства на физиолошко ниво” – сподели авторот на студијата, проф. Емилио Ферер.

Како станало јасно дека постои слична зависност кај вљубените? Многу едноставно! 32 парови биле замолени да седнат на неколку метри еден од друг во тивка просторија, без да зборуваат или да се допираат. Во еден момент партнерите требало да почнат да ги набљудуваат движењата на другиот. Се покажало дека помеѓу нив се појавил сличен срцев ритам и дишење. Уште поинтересно е дека токму жените биле оние кои се со поголема веројатност да се приспособат кон партнерот.

Според научниците пак ова правило важи со полна сила и за односите во врската во целина!

А за да бидат уште појасни доказите, паровите требало да поминат низ истите истражувања повторно и повторно, но со непознат. Па, погодете! Ништо во однос на првите резултати. Ниту срцата ниту дишењето не им се синхронизирале…

Што да кажеме? Љубовта е навистина волшебство што го посакуваме на секој од вас!

Write A Comment