Глумецот Хју Лори со својот бенд ќе настапи на 14 Јули во Сава Центар во Белград. Овој град е дел од турнеата на која се промовира албумот „Didn’t It Rain“, кој е составен од одлични блуз песни.

Глумецот Хју Лори кој се прославо како Доктор Хаус во истоимената серија, се занимава со музика уште од своето рано детство, часови по клавир посетувал уште кога имал шест години, а освен тоа свири и гитара, хармоника, саксафон и тапани. И нормално, добро пее.

Хју и неговата група „The Copper Bottom Bend“ на концертот во Сава Центар кој е официјално потврден и на неговиот сајт, ќе направат промоција на албумот кој ќе излезе во продажба на 6 Мај.

 

Напиши коментар