After Midnight

Достигнете го врвот: Мали тајни за мастурбација

Експертите за секс тврдат дека мастурбацијата е добра за нашиот организам и дека на добар начин не запознава со нашето тело.

Мастурбирањето повеќе не е или барем не би требало да повеќе да биде табу тема. Следуваат едноставни совети како да ги искористите нејзините предности.

Обрнете внимание на вашето расположение

Потребно е да бидете расположени за секс. Миризливи свеќи, читање на еротски романи или гледање на еротски филмови можат да ви овозможат најразлични фантазии.

А кога тие ќе се појават, не останува ништо друго освен да ги спроведете на дело.

Одберете го правиот начин на стимулација

Мал број од жените можат да доживеат вагинален оргазам, повеќето од нив го достигнуваат врвот со стимулација на клиторисот.

Овој дел од нашето тело е најсигурен пат до сексуално задоволство. На тој начин жените может да откријат што и колку ги возбудува и своите искуства да ги поделат со партнерот.

Користете вибратор

Вибраторот може да послужи за стимулирање на Г-точката, како и за достигнување на вагинален оргазам или анален оргазам. На пазарот постојат различни модели на вибратори, а жените одамна се охрабрија да експериментираат со сексуални играчки.

Не ги заборавајте градите

Градите како ерогена зона не смеат да бидат заборавени во текот на маструбирањето. Добро е познато дека голем број од жените можат да искусат оргазам со допирање на брадавиците или со целосно допирање на градите.

Ова чувствително место од женското тело игра важна улога во сексуалното задоволство, на вас останува да одберете дали тоа ќе биде нежно или грубо допирање.

И не заборавајте, мастурбирањето одамна ја изгуби репутацијата на забранет или срамен чин.

Напиши коментар